Информации за ЈКП Пазари

Јавното претпријатие Ј.К.П. Пазари – Прилеп е основано од Советот на Општина Прилеп со одлука бр. 03-269/1 од 02.06.2004 за управување со Пазари на големо и мало.
По донесувањето на основачкиот акт и формирањето на органите на управување, ова јавно претпријатие отпочна да делува како просебен правен субјект во правниот промет со упис во Централен Регистар на ден 01.07.2004 година.

Дејност на јавното претпријатие
Јавното претпријатие за управување со Пазари на големо и мало Ј.К.П. Пазари Прилеп ги врши следниве дејности:
– 68.20 Издавање и управување со сопствен недвижен имот под закуп
– Одржување, управување и користење на Пазари на големо и мало под што се подразбира одржување на комунални објекти, односно просторот и објектите изградени за давање на услуги на трговија.
Претпријатието без упис во судскиот регистар во помал обем ќе врши и други дејности што се запишани во судскиот регистар кои вообичаено се вршат или придонесуваат за целосно искористување на капацитетите.

На територијата на Општина Прилеп функционира и Пазар за продажба на земјоделски производи, текстил, занаетчиски производи лоциран во строгиот центар на градот на улица Борка Талески бб како и дислоцираните Пазарчина и тоа Пазар Точила со површина од 220 м2 и Пазар Марино Мало со површина од 220 м2.
Според  законските и подзаконските акти кои го регулираат организирањето на пазарите, продажните места се селектирани и лоцирани на посебни делови од пазарот во зависност од природата на самите производи кои се продаваат, тезгите за продажба се издвоени од тезгите на кои се продаваат земјоделските производи, бижутерија и галантерија.