Интерен оглас

Врз основа на член 30 став 1 алинеа 2, член 30 став 3 и член 48 и 49 од Законот за административни службеници(Сл.весник на РМ бр.27/2014 ,199/2014,48/2015,154/2015,5/2016,80/16, 127/16, 142/2016,2/2017,16/17и 11/2018), а во врска со чл.2 Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас(Службен весник на РМ 11/2015 и 35/2018), ЈКП Пазари Прилеп објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.1/2019
за унапредување на 1(еден) административен службеник

-Податоци за работното место
1.Раководител на одделение за административни работи(административно одделение) во Административно стручна служба со шифра 01КДР 01 02 Б04 055 -1 (еден)извршител.
Општи услови :

– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење
професија, дејност или должност.

Посебни услови

– ниво на квалификациите ВИ А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен ВИИ/1 степен
– најмалку четири години работно искуство во струката
од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно
најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две
години на раководно работно место во приватен сектор;
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

– потврда за положен испит за административно управување,

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски.

Општи работни компетенции

-решавање проблем и одлучување за работи од својот делокруг;
-учење и развој;
-комуникација;
-остварување на резултати;
-работа со други/тимска работа;
-стратешка свест
-ориентираност кон клиенти/засегнати страин и
-финансиско управување.

Распоред на работното време:
-работни денови вторник-сабота;
-работни часови неделно 40;
-работно време 7,00-15,00;
-паричен нето износ на плата 26 847,00 ден.

На Интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во ЈКП Пазари Прилеп,кој ги исполнува општите и посебните услови и работните компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во ЈКП Пазари Прилеп, како и
-да е оценет со оцена,,А,, или,,Б,, при последното оценување,
-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата до архивата на ЈКП Пазари Прилеп, на ул Методија Шаторов Шарло бр.57, со назнака за интерен оглас, како и на електронска адреса :пазарикомуЖт.мк
Пријавата содржи:
-име и презиме;
-тековно работно место, ниво;
-работно искуство.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве документи:
-потврда за успешно реализирани обуки;
-потврда за успешно реализирано менторство(како ментор или менториран службеник)
-Рокот за пријавување на огласот изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на веб-страната на ЈКП Пазари Прилеп и веб страната на Агенцијата за администрација.
.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ке ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на директорот на ЈКП Пазари Прилеп.
Напомена:Кандидатот кој ке внесе лажни податоци во пријавата ке се дисквалификува од натамошна постапка.

prijava za interen oglas

ЈКП ПАЗАРИ ПРИЛЕП
ДИРЕКТОР,
Дипл.екк.Кристијан Илиески